Шефот на украинската разузнавачка служба: „Путин сака да ја уништи нашата државност“

од Vladimir Zorba
189 прегледи

„Речиси два месеци од почетокот на војната во Украина, според проценката на украинската воена разузнавачка служба, нема промена во планот на рускиот претседател Владимир Путин, кој сака да ја уништи државноста на Украина“, изјави шефот на украинската разузнавачка служба Кирило Буданов за германски „Шпигел“.

„Целта на воената агресија остана иста. Ова е операција што треба да ја уништи државноста на Украина“, рече тој.

Буданов вели дека Русија сака „Украина да престане да постои како држава“.