ЛИДЕРОТ на групата Вагнер откри споменик на неговите платеници кои загинаа за време на борбите во Украина.
Евгениј Пригожин еден ден пред прославата на Денот на победата на Русија, со која се одбележува победата над нацистите во Втората светска војна, изјави дека Русија има „нови херои“.
„Нашата земја доби нови херои и нов дел од историјата. Ова е споменик на оние кои загинаа во новиот круг од нашата историја. Запомнете ги“, рече шефот на Вагнер, пренесе „Скај њуз“.