Шефот за дизајн на Kia откри какви автомобили ќе возиме во иднина

од Vladimir Zorba
277 прегледи

Првиот човек на дизајнерскиот оддел на Kia, Карим Хабиб, пристигна во редовите на корејската марка од BMW во 2019 година. Неговата последна креација е EV9, голем електричен SUV модел со три реда седишта. Хабиб во интервју за британскиот Autocar се осврна на новиот модел, но и на други актуелни работи од светот на автомобилската индустрија, пишува „Јутарњи“.

„Ние произведуваме речиси три милиони автомобили годишно, со многу различен дизајн, така што не можат сите да бидат од ист калап. Сепак, нашата цел е сите тие да бидат препознатливи. Иако EV9 е сосема различен од другите модели, не е точно дека сме ја напуштиле нашата филозофија. Впрочем, тоа е нов предводник на брендот. Што се однесува до самиот дизајн, има одредени принципи кои ќе ги повториме и кај другите модели, но мораме да бидеме отворени за различни идеи“, нагласува Хабиб.

На новинарско прашање дали и во иднина ќе продолжиме да возиме SUV модели, Хабиб одговори:

„Тешко е да се предвиди што ќе прават луѓето и какви модели ќе им се допаѓаат во иднина. Моделите на теренци пораснаа кога на луѓето им се смачија од класичните семејни мини комбиња. Верувам дека доаѓа периодот „пост-SUV“. SUV моделите мора да се трансформираат во „суперелегантни автомобили“, во спротивно ќе исчезнат, нема да преживеат. Јас лично верувам дека можеме да направиме навистина атрактивни комбиња. Ќе се обидеме да правиме различни работи бидејќи мислам дека има поефикасни начини за користење на просторот“.

Слични содржини