Двајца извршни директори од Binance, најголемата светска берза за криптовалути, ќе останат во притвор во Нигерија уште најмалку две недели откако денеска го прв пат се појавија на суд без оглед на тоа што не се обвинети, соопштија нивните семејства.
Американскиот државјанин Тигран Гамбариан, шеф за усогласеност со финансискиот криминал во Binance, и Надим Анџарвала, регионален менаџер на Binance за Африка, заминаа во Нигерија по одлуката на земјата да забрани неколку веб-страници за тргување со криптовалути и беа приведени по пристигнувањето на 26 февруари, објави „Ројтерс“.
Агенцијата наведува дека адвокатите на нигериската Комисија за економски и финансиски криминал (ЕФЦ) бараат од судот да одобри нов налог за притвор бидејќи првичниот истече на 12 март, на што се противат директорите на Binance.
Судијата нема донесено одлука по барањето на ЕФЦ, но седницата ќе ја продолжи на 5 април, велат семејствата на приведените.
Гамбариан и Анџарвала беа уапсени во период во кој неколку веб-страници за криптовалути се појавија како можни платформи за тргување со валутата на Нигерија, која се бори со хроничен недостиг од долари.
Binance на почетокот на овој месец објави дека по 8 март ќе ги запре сите трансакции и тргување во нигериската наира.