Шеикот Ал Тани од Катар разгледувал локации за инвестирање во Охрид

од desk2
110 прегледи

Шеикот Јасим Бин Хамад Ал Тани од Катар деновиве престојувал во Охридско каде разгледувал повеќе слободни локации за изградба на хотели.

Остварил средба со градоначалникот Јован Стојаноски на која му биле презентирани можностите за инвестиции во областа на туризмот и хотелиерството. На средбата присуствувале и претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Како што информира локалната самоуправа, по презентацијата за можностите за инвестирање, високиот гостин од Катар посетил неколку од предложените локации и најавил дека за скоро време ќе го извести градоначалникот Стојаноски за неговите конкретни намери за инвестирање. /МИА