Шејк од бело чоколадо!

од Vladimir Zorba
203 прегледи

Шејкот од бело чоколадо ви носи совршена комбинација од бело чоколадо, кремаст јогурт, здрава банана и освежително нане, создавајќи уникатен десерт или закуска.

Потценување е да се каже дека децата ќе го сакаат!

Состојки:

* 50 гр бело чоколадо
* 120 мл млеко
* 60 мл јогурт
* поголема банана
* лажица мед
* ледени коцки
* свежо нане (или друг зачин по вкус)

Подготовка:

Чоколадото искршете го, ставете го во тенџере, прелијте го со млеко и варете со мешање додека не се растопи. Тргнете од оган, изладете, па истурете во блендер.

Додадете јогурт, мед, сечкана банана и неколку коцки мраз и мешајте додека не се добие едноличен напиток.

Истурете во чаши, украсете со нане и послужете.

На здравје!

Слични содржини