Шекеринска и Министерството за одбрана ќе промовираат 65 подофицери од 120 планирани годинава

412 прегледи

Во просториите на касарната „Илинден“, денес ќе биде промовирана првата група на подофицери од професионалните војници. Во оваа група ќе бидат 65 лица, од вкупно 120. професионални војници.

Обуката за подофицерите, започна на 28. ноември, а заврши вчера, додека втората група со обука ќе стартува 22. овој месец. на Овој курс инаку, е во организации по цели 11 годни

Искусни инструктори инаку, ја реализираа обуката во Центарот „Пепелиште“, межи кои и инструктори од Командата за обука и доктрини, Баталјонот за специјални сили и Извидувачко – разузнавачкиот баталјон. Курсот за подофицери се состои од повеќе теми и тоа – подофицерски одговорности, воени вештини, лидерство и етика, општи воени знаења и практични форми на обука и ситуациони вежби.

На промоцијата најавено е обраќање на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, а од Министерството за одбрана истакнуваат дека настанот ќе се одржи согласно мерките за заштита од Ковид -19.

Слични содржини