Шекеринска: Кандидатот за НАТО не е одбиен, само не му е издаден сертификат

од Берта Китинска
285 прегледи

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во вечерашното гостување во дневникот на телевизија Сител ги оцени како несериозни обвинувањата од опозицијата за кандидатот за воен претставник во НАТО.

– Во моментот ние немаме проблем со одбивање. Воениот претставник за кој се зборува, не е одбиен, само не му е издаден сертификат. Тоа се две различни работи. Никој не вели – луѓето направиле злочин, туку велат – во моментов се уште мислиме дека имаме одредени резерви кои може да не бидат објективни, појасни Шекеринска.

Обвинувањата на опозицијата, како што рече, се несериозни обвинувања за многу сериозна работа.

– Да сум пола од несериозните луѓе во ВМРО-ДПМНЕ денеска би требало да излезам и да кажам дека одговорност треба да понесе ВМРО-ДПМНЕ бидејќи за сите случаи за кои јас знам, тие издале сертификат претходно. Со потписи на нивно луѓе, биле издадени такви сертификати. Ако некој треба да зборува за погрешна проценка, адресата би требало да биде на ВМРО-ДПМНЕ, рече Шекеринска.