Шекеринска: Ковачки се плаши да одлучи помеѓу ВМРО ДПМНЕ или Армијата

250 прегледи
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска по денешната кривична пријава добиена од членот на ВМРО ДПМНЕ и припадник на Армијата, Драган Ковачки, се огласи на својот фејсбук профил и посочи дека овие кривични пријави ги поднесува ВМРО ДПМНЕ со цел да ја замајат јавноста, но и дека јасна е целта, да се удри поради страв дека ќе се соблече армиската униформа.
„Кога ДПМНЕ беа на власт поднесуваа кривични пријави за да ја заплашат јавноста, а сега ги поднесуваат за да ја замајуваат.
Но мотивот за денешните пријави е друг. Нервоза е во прашање и тоа од две причини. Првата е што против лицето кое одлучи да биде партиски, а не армиски војник се води дисциплинска постапка поради закани кон началникот на Генералштабот на Армијата. Нешто што е незамисливо за офицер во било која Армија. Втората е што наскоро согласно измените во Законот за служба во Армијата, тој ќе треба да одлучи дали ќе ја соблече армиската униформа бидејќи му е поважна партиската.
Жалосно е што тој и денес со голема леснотија ја отфрли армиската чест само за да служи на една мала група на луѓе.
Оваа црна пропаганда против Армијата на сопствената татковина, во период кога постигнувањата се видливи на дневна основа, не се ништо друго освен непријателски чин против угледот на Армијата, довербата на граѓаните, но и атак врз безбедноста на земјата. Тоа е неприфатливо однесување од било кого, а најмалку од висок воен старешина“, стои во фејсбук објавата на министерката Шекеринска.

Слични содржини