Шекеринска: Повеќе од 1000 војници се подготвени да се вклучат каде што треба да се гасат пожари

од Nikola Popovski

„Тука сме за да се заблагодариме и одадеме признание за големата жртва, труд и енергија, што го презеда припадниците на Армијата, но и на припадниците на другите институции“, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска од Кокино.

Таа посочи дека само заедно ќе се справиме и ќе им помогнеме на граѓаните, но и на убавата природа, што го плати данокот на природата и негрижата.

„Во изминатата вечер, бројката на тие кои се отповикаа за да помогнат беше огромна. Повеќе од 1000 војници се подготвени да се вклучат каде што треба да се гасат пожари, односно досега сме присутни на 13 локации“, информира министерката и додаде:

„Навистина ми е драго што некои мои колеги во раните утрински часови многу броз реагираа позитивно и после првични најави за помош од Србија и Бугарија, одговор добивме и од страна на Словенија, а се очекува и од страна на други земји од нашето соседсто, што покажува дека како соседи можеме да си помогнеме“.

Слични содржини