Шекеринска: Се искачивме на второ место во централна и источна Европа по интегритетот во одбраната

од Vladimir Zorba
166 прегледи

Успеавме да се искачиме на високото второ место во централна и источна Европа по интегритетот во одбраната. Ова е нашиот резултат според Индексот на интегритет на владите во секторот одбрана, на Transparency International, вели министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

„Пред нас е само Латвија. Зад нас се сите земји од нашиот регион. Успеавме да бидеме подобри од 4 земји кои се веќе членки на ЕУ и од 6 земји кои се членки на НАТО од многу поодамна.

Направивме силен пробив во транспарентноста и интегритетот во работењето. Покажавме дека можеме да обезбедиме европски вредности и стандарди дома“, додава таа.

Меѓународниот ден против корупцијата го одбележуваме со убава вест.

Posted by Radmila Sekerinska on Wednesday, December 9, 2020