Шекеринска: Се виде дека информациите што ги пласираше опозицијата за мнозинството се дезинформации

од Берта Китинска

До пред неколку дена сите можевме да лицитираме со различни тези. Се виде дека информациите што ги пласираше опозицијата биле дезинформации и пропаднаа обидите не само да се изгласа недоверба на Владата, туку и да се попречи целиот овој процес на наше интегрирање, не толку во НАТО, колку во ЕУ, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Таа смета дека фокусот треба да биде што се случува во државата и по локалните избори да се врати во нормалното темпо на работа и обезбедување подобар живот, повеќе безбедност.

– Владата функционира. Собранието денеска ќе почне да дискутира и за Буџетот, ако не се лажам. Ништо не не спречува да работиме на тоа што е важно за сите. Мислам дека како  што на граѓаните фокусот не им е постојани избори или постојано броење пратеници, туку работа и резултати, мислам дека и ние тоа треба да им го понудиме, истакна Шекеринска.

Слични содржини