Шекеринска во работна посета на Словенија: Закажани средби со Тонин и Пахор

267 прегледи

Во рамки на својата работна посета во Словенија, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска ќе оствари средби со својот словенечки колега, Матерј Тонин, како и претседателот, Борут Пахор. Меѓудругото, таа ќе се сретне и со членовите на собраниската Комисија за одбрана.

При посетата, Шекеринска ќе најде време и за посета на Центарот за совршенство за планинско војување во Бегуње на Горењска.

Инаку за Шекеринска ова е посета откако колегите од Словенија не посетија нам во септември изминатата година.

Северна Македонија и Словенија имаат одлична соработка во доменот на одбраната, која датира од 1994 година. Во моментов се реализира годишниот план за билатерална соработка за 2021 година кој вклучува вкупно 23 активности во двете земји. Одбранбената соработка опфаќа програми за обука, курсеви и семинари, соработка во областа на военото разузнавање, против-воздушната одбрана, логистиката и јавните набавки и НАТО планирачкиот процес.

Двете земји се сојузници во НАТО, а соработуваат и во рамките на регионалните иницијативи како Иницијативата за соработка на министрите за одбрана на ЈИЕ и Балканските медицински сили.

Слични содржини