Шекил О’Нил му ја честиташе на Јокиќ првата награда за МВП

од Берта Китинска

Легендарниот центар Шекил О’Нил му ја честиташе наградата МВП на кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ.

Српскиот центар беше прогласен за најкорисен играч во НБА лигата и е само третиот европски кошаркар што ја добил оваа награда.

– Честитки Никола, поради вас, центрите се повторно важни – рече О’Нил на телевизијата ТНТ.

Јокиќ стана и првиот центар именуван за МВП од 2000 година, кога признанието му припадна на О’Нил.

Слични содржини