373
Познатиот кошаркар Шекил О’Нил во искрена исповед откри дека требало многу повеќе да ја цени поранешната сопруга.
Тој зборуваше во подкастот The Big Podcast with Shaq за грешките кои ги направил, поради што останал без семејството.
„Направив многу глупави грешки поради кои го изгубив семејството и останав сам. Бев идиот. Сега седам сам во огромна куќа“, истакна тој.
О’Нил се осврна на својот брак кој траеше од 2002 до 2010 година и додаде дека би сакал другите луѓе да учат од неговите грешки.
„Кога ќе стапиш во брак, треба да си благодарен за тоа што го имаш. Остануваш таму. Би сакал луѓето да научат нешто од мене“, рече кошаркарот.