Шеќеринска: Евтината струја ќе се врати

од desk4
75 прегледи

На средби со граѓаните во  Охрид, заменик-претседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска даде неколку ветувања меѓу кои и она за враќањето на евтината струја.

Шекеринска: Не зборуваме против што сме, туку во што веруваме

Шеќеринска  вети од 25 до 30 милиони евра помош за малите и средни компании доколку тие победат на следните избори.

-Преку силна поддршка на домашните мали и средни претпријатија, од 20-50 милиони евра државна финансиска помош, ќе се отворат нови работни места. Мерките во Програмата СДСМ ќе го зголемат стандардот на граѓаните и ќе допринесат за зголемување на минималната плата на 15 илјади денари, а просечната на над 29 илјади денари. Така ќе обезбедиме сигурна и подобра иднина, подобар живот на сите граѓани, рече Шекеринска денеска од Охрид.