Shelby Mustang Mach-E GT

од Vladimir Zorba
226 прегледи

Shelby American подготви модифициран Ford Mustang Mach-E GT, наменет за европскиот пазар.

Тоа е Shelby Mustang Mach-E GT каде што промените се сведуваат на подобрување на управувањето и стилот.

Автомобилот сега е понизок за 25 mm, а дел од пакетот, покрај лесните Satin Black тркала, вклучува и елементи од карбонски влакна поради нивната помала тежина (хауба, предна маска, ретровизори…).

Тука е и Borla „Active Performance Sound System“ дизајниран за електрични возила. Тоа е всушност систем за надворешни звучници што Borla го разви за да го имитира звукот од моторот и издувните гасови што би го слушнале од автомобил со внатрешно согорување.

Дополнително, треба да се споменат нови ознаки, графики и табличка со серискиот број на примероци (имено, се планира издание од само 100 примероци).

Цената за комплетниот пакет измени е 24.900 евра.

„Решивме првично да го понудиме Shelby Mustang Mach-E GT само во Европа бидејќи продажбата на електрични возила расте многу побрзо таму отколку во САД. И од 2016 до 2021 година, бројот на јавни станици за полнење на електрични возила се зголеми за 431 процент низ Европа. Тоа едноставно e добар деловен потег за Shelby American“, велат од компанијата.

Слични содржини