Познатата актерка Шенон Доерти, најпозната по улогите во сериите „Беверли Хилс, 90210“ и „Волшебнички“, со години се бори со ракот.
Таа неколку пати јавно проговори за тоа и истакна дека има бројни метастази, и дека е свесна дека нема уште долго да живее. Актерката неодамна на својот подкаст Let’s Be Clear открила дека направила план за својот погреб и дека сè договорила со нејзиниот најдобар пријател и извршител на тестаментот Крис Кортаз.
„Ова е морбидна, но и забавна тема. Сакам мојата пепел да се измеша со посмртните остатоци на моето куче и татко ми. И не сакам да бидам погребана без да ме кремираат“, навела таа, пренесе „Пипл“.
Како што открила, сè уште не е сигурна каде би сакала да ѝ ја расфрлаат пепелта, но смета дека би било убаво дури и да се засади, а на тоа место подоцна да израсне дрво.
„Сакам да одберам едно место кое јас и татко ми го сакавме и кое ни значеше најмногу“, додала таа, истакнувајќи дека често уживале во Малибу.
Актерката искрено рече дека „списокот на оние кои не би сакала да дојдат на нејзиниот погреб е многу подолг од оние кои таа би сакала да бидат таму“.
„Многумина би дошле, дури и да не сум им драга. Едноставно тоа е така. Не сакаат да бидат лоши луѓе. Но, јас да им ја намалам напнатоста. Сакам мојот погреб да биде како фестивал на љубовта. Не сакам некој да дојде таму и да плаче и да помисли: ‘Фала ти Боже што си замина кучката’“, рече таа меѓу другото.