Шер бара старателство над својот син, во судски документи се наведува причината зошто

од Stefanija Kuzmanovska
218 прегледи

Американската пејачка и актерка Шер поднела барање за старателство над нејзиниот најмлад син, Елајџа Блу Алман, бидејќи се плаши дека не може да му се верува да управува со неговите финансии, се наведува во правните документи.

Шер се плаши дека Алман ќе ги потроши сите свои пари на разни супстанции со оглед на неговите наводни проблеми со менталното здравје и злоупотреба на супстанции, пренесува Sky News.

Во документите, во кои „Њујорк пост“ имал увид и сајтот за следење на познати личности ТМЗ, Шер изјавила дека нејзиниот син „во основа не може да управува со своите финансии“.

Според ТМЗ, 47-годишниот Алман има право на редовни исплати од фондот, кој го основал неговиот покоен татко и пејач Грег Алман од браќата Алман, со кого Шер беше во брак од 1975 до 1979 година.

Доколку ѝ биде доделено старателството, Шер би ги контролирала финансиските и личните работи на нејзиниот син. Еден од најпознатите примери за такво уредување е случајот со американската пејачка Бритни Спирс, чиј живот 13 години во голема мера го контролираше нејзиниот татко.

Слични содржини