Шер блеска со 40 години помладото момче: Го покажа дијамантскиот прстен (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
236 прегледи

Пејачката Шер ужива во романсата со четири децении помладиот Александар Едвардс.

Двојката беше фотографирана заедно додека вечераа во Беверли Хилс, а пејачката беше насмеана и видно расположена.

Шер го носеше дијамантскиот прстен што Едвард ѝ го подари за Божиќ.

Кога влегуваше во луксузниот медитерански ресторан, таа позираше и ја подигна раката за да го открие својот дијамантски прстен.

На Божиќ, поп ѕвездата сподели фотографија од дијамантскиот прстен на Твитер, велејќи дека тоа е подарок од Едвардс.

„Јас сум без зборови“, напиша Шер на објавата.

Фотографијата брзо предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи бидејќи многумина мислеа дека се работи за веренички прстен.

Пејачката потоа го промени описот на фотографијата, што ја збуни нејзината публика.

„Ова го објавив затоа што неговите нокти се многу кул“, гласеше нејзината следна објава.

Слични содржини