Шер откри детали од најлошиот момент во нејзиниот живот: „Липав и вриштев“

од Stefanija Kuzmanovska
237 прегледи

Шер се огласи на Твитер и сподели трагични детали со своите следбеници. Пејачката напишала дека имала три спонтани абортуси, а првиот се случил кога имала само 18 години.

„Бев сама во нашата куќа. Сони дојде дома, а јас липав и бев на нашиот под. Кога стигнав на лекар врескав од болки, не можев да престанам ниту кога бевме во лифт. Лекарот веднаш ме испрати во болница и на операција“, напиша Шер, а потоа додаде:

„Што би се случило со мене денес?“.

Јасно е дека алудирала на промената на законот во Америка и на одлуката на Врховниот суд за поништување на правото на абортус.

Откако еден фан рече дека не знаел дека Шер доживеала спонтани абортуси, пејачката одговорила дека никогаш не помислила дека тоа ќе го сподели со јавноста.

„Мајки, сестри, тетки, братучедки, најдобри пријателки… Ниту една жена не е безбедна во Америка“, напиша Шер.

Пејачката подоцна во животот доби две деца.

Слични содржини