Легендарната пејачка Шер во едно интервју откри дека непознат маж сакал да ја убие во 1982 година во Њујорк кога одела на работа.
Пејачката тогаш се подготвувала за Бродвеј, и за среќа успеа да си го спаси животот.
Како што изјавила, непознато лице ѝ пружило рака, а таа помислила дека само сака да се поздрави.
„Еден човек еднаш за малку ќе ме убиеше. Тоа се случи во Њујорк, во 1982 година. Се подготвував за изведба на Бродвеј со Come back to the five and dime. Секогаш ме носеа веднаш до вратата на сцената и тогаш мислев дека тој човек сака да се ракуваме. Меѓутоа, тој ме зграпчи и ми ја свитка раката зад грб. Ме туркаше по улицата велејќи: ‘Ако само писнеш, ќе те убијам.’ Фановите, неколку од нив, со кои подоцна се спријателив, видоа дека нешто не е во ред. Почнаа да врескаат и да трчаат кон мене, па напаѓачот побегна“, се присети Шер, како гостинка на списанието „Г2“.