313
Пејачката Шер почна да се забавува со Александер Едвардс пред неколку месеци, а како што пренесуваат странските медиуми, неодамна одлучиле да се разделат.
Како главна причина за раскинувањето се споменува фактот што на децата на пејачката наводно им пречело тоа што Александер е многу помлад од неа, пренесува „Радар онлајн“.
Пејачката е речиси четири децении постара од Александер.
Иако многумина ги осудуваа токму поради големата разлика во години, Шер и Александар гордо ја истакнуваа својата љубов и често беа видени заедно на забави и јавни настани.
Последен пат заедно беа видени на 12 март на модна ревија, а за наводното раскинување досега се немаат огласено.