463
Актерот Раде Шербеџија примил вакцина против коронавирус во Белград и за сараевскиот „Аваз“ изјавил дека многумина заради тоа заминале во Србија, која „направила одлична работа“ и ги покани сите што можат да го сторат истото.
„Тие го направија сето тоа многу добро, така што многу луѓе отидоа таму да се вакцинираат. Одлично го поднесов. Многу мои пријатели од Сараево отидоа таму да се вакцинираат. Ни треба, не можеме да чекаме. Кој може, треба да отиде и да се вакцинира“, рекол Шербеџија во интервјуто.
Тој се надева, дека вакцината од Европската унија сега ќе започне побрзо да пристигнува.
„Се надевам дека ќе можеме да го пречекаме ова лето помирно и дека ќе можеме да се дружиме. Имам такво чувство“, изјавил Шербеџија.