9
Одделот на шерифот на округот Лос Анџелес соопшти дека досега се уапсени 18 лица во врска со криминални активности поврзани со пожарите во Итон и Палисадес.
Обвиненијата вклучуваат грабеж, кражба, кражба на идентитет, поседување алатки за кражба и поседување наркотици, изјави заменик-шерифот Мајрон Џонсон, пренесе ABC News.
Еден од осомничените бил на активен условен отпуст и бил обвинет и за поседување огнено оружје, додаде тој.