Легендарната актерка Шерон Стоун тврди дека за време на нејзината операција за реконструкција на градите во 2011 година, хирургот без нејзина согласност вградил импланти поголеми од оние на кои се согласила пред операцијата.
Во своите мемоари The Beauty of living twice, Шерон откри како лекарите своевремено морале да ѝ го отстранат бенигниот тумор, поради што морала да направи реконструкција што не поминала точно како што планирала.
Кога се разбудила по операцијата, сфатила дека нејзиниот пластичен хирург вградил поголеми импланти отколку што таа одобрила.
„Кога ми ги тргнаа завоите сфатив дека моите гради се поголеми за еден број од оние на кои се согласив. Ми рече дека ‘одат подобро со ширината на колковите“. Тој го смени моето тело без мое знаење и согласност“, напиша Шерон.
Кога го прашала зошто ја сменил големината на имплантантот, тој ѝ рекол „дека сметал дека ќе изгледа подобро со поголеми гради“, што било поразително за Шерон.