Шерон Стоун објави фотографија со својата 90-годишна мајка и ги воодушеви следбениците на социјалните мрежи.
„Ручек со мама“, напиша таа покрај селфито. „Две убави силни жени“, „Какви две убави дами“, „Исти сте, убави“, „Боже мој, каква сличност“, напишаа фановите во коментарите.
View this post on Instagram
Дороти Стоун е родена во 1933 година и е многу блиска со својата позната ќерка. Во 2021 година, таа доживеа мозочен удар, за што Стоун зборуваше јавно. „Молете се за Дороти Мари Стоун, мојата мајка, која доживеа уште еден акутен мозочен удар вечерва“, напиша таа тогаш на Инстаграм. Тоа, заедно со сопствената дијагноза, беше една од причините зошто Стоун ја нагласи важноста на свесноста за болестите на „стареењето на мозокот кои непропорционално ги погодуваат жените“.