Шерон Стоун откри БИЗАРНА причина за раскинување со помлад маж

од Vladimir Zorba
328 прегледи

Холивудската актерка откри дека неодамна раскинала со помлад маж, поточно, тој раскинал поради бизарна причина – затоа што актерката (64) и покрај неговото барање одбила да вбризга ботокс во лицето за да ги отстрани брчките.

Како што рекла во интервју, откако мажот, чиј идентитет не сакала да го открие, прашал дали некогаш користела ботокс, актерката одговорила: „Веројатно би било добро да направев за твоето, но и за моето его“.

„Излеговме уште еднаш после тоа, а потоа тој повеќе не беше заинтересиран да ме види“, истакна таа.

Но, најинтересно е што Шерон Стоун во минатото користела инекции ботокс, но потоа сфатила дека такво нешто не и треба, особено затоа што третманите и биле крајно болни.

„Тоа беше периодот на мојата голема слава кога земав ботокс, филери и такви работи, а потоа имав тежок мозочен удар, кога девет дена имав крвавење во мозокот и морав да примам повеќе од 300 инјекции ботокс и разни филери на едната страна од лицето само за тоа повторно да изгледа нормално“, се присетува таа и додала дека токму тоа искуство, кога била на работ на смртта, ја променило нејзината перцепција за ботоксот од нешто естетско во нешто болно и невролошки неопходно.

Слични содржини