Шерон Стоун за гласините дека е во врска со Кевин Костнер: „Го знам…“

од Vladimir Zorba
225 прегледи

По бурниот развод со Кристин Баумгартнер, Кевин Костнер наводно флертувал со холивудската дива Шерон Стоун. Според магазинот In Touch, актерот бил близок со познатата актерка за време на церемонијата на доделувањето на наградите Governors во Холивуд на 17 ноември.

„Летаа искри и веќе си размениле броеви“, открил тогаш анонимен извор за споменатиот магазин. Тој исто така додал дека Шерон за време на разводот му била голем поддржувач на славниот актер. „Дефинитивно изгледаше како да се нафрлаат еден на друг. Се започна со љубезен разговор, а потоа Кевин Костнер и го пушти својот убиствен шарм на Шерон. Таа беше многу слатка и добро се справуваше со вниманието. Во еден момент му подаде толку слатко намигнување. “ додаде изворот.

Сепак, не и требаше многу време на познатата актерка да проговори и да ги демантира новите гласини.

„Го познавам Кевин Костнер веројатно 30 години и мислам дека ако не сме се забавувале досега, веројатно никогаш нема да се забавуваме“, изјави таа неодамна за Екстра ТВ.

Потсетуваме, Кевин Костнер се разведе од 19 години помладата сопруга Кристин Баумгартнер минатата година по 18 години брак, а во медиумите се појавија бројни шпекулации за причините за разводот.

Манекенката и дизајнерката поднела барање за развод, наведувајќи ги како причина „непомирливите разлики“. Сепак, странските медиуми тогаш пишуваа дека можноста за развод е изневерување на актерот. Имено, на социјалните мрежи кружеа гласини дека Кевин наводно ја изневерил сопругата со член на серијата Yellowstone, но извор близок до актерот тоа го демантираше.

Кристин барала од актерот да и плаќа околу 175.057 долари месечно за нивните три деца да живеат ист начин на живот со секој родител, но потоа успеале да се договорат.

„Кевин и Кристин Костнер дојдоа до пријателско и взаемно решение за сите прашања поврзани со нивните постапки за развод“, рече портпаролот на Кевин во соопштението.

Слични содржини