Шерон Стоун за снимањето на еротските сцени: „Околу мене 300 мажи, а јас сама“

од Stefanija Kuzmanovska
371 прегледи

Улогата на Кетрин во филмот Basic Instinct најпрво ја одбиле Мег Рајан, Ким Бесинџер, Мишел Фајфер, Џулија Робертс, Џени Дејвис и многу други познати актерки. Сепак, Шерон Стоун не ја одби, што секако беше правилна одлука бидејќи и 30 години подоцна сите ја поврзуваат со оваа улога.

Филмот изобилува со експлицитни сцени, а особено е забележлив делот кога Шерон ги прекрстува нозете, а можеше да се види дека под фустанот не носела никаква долна облека. Како што таа со години тврди, режисерот не добил нејзино одобрение за оваа сцена бидејќи претходно ѝ ветил дека ќе ги исече сите контроверзни кадри, што тој го демантираше.

Како и да е, поминаа години и актерката повеќе не сакаше да зборува на оваа тема. Наместо тоа, таа се осврна на другите понижувања кои ги доживеала поради улогата.

„Го доживеав најголемото понижување од продуцентот кој во текот на целиот проект наместо со Шерон ми се обраќаше со Кетрин. Така продолжи да ми се обраќа и по церемонијата за Оскар за која бев номинирана“, додава Стоун.

Филмот заработи дури 500 милиони долари, од кои 14 му припаднаа на главниот актер Мајкл Даглас, додека Шерон добила само 500.000 долари, иако улогата на Кетрин ја направи филмска божица.

„Во ред, јас навистина само што почнував тогаш. Мајкл беше исклучително голема ѕвезда“, признава Стоун, која со овој филм се проби до врвот.

Тешко ѝ било да ги снима експлицитните сцени, особено затоа што цело време била опкружена со мажи.

„Имаше 300 мажи околу мене, јас сама, а се снимаат еротски сцени. Стилистите беа мажи, шминкерите беа мажи. Само надзорникот на гардеробата беше жена и понекогаш ја замолував да остане малку на снимањата додека работев на тие сцени“.

Слични содржини