Шест бројки кои покажуваат дека расизмот сеуште е факт во САД

од desk3
134 прегледи

Нови судири меѓу полицијата и демонстранти избувнаа во текот на ноќта во Филаделфија на демонстрациите во знак на солидарност со протестите против смртта на црниот младич во полициска станица во Балтимор, соопштува CNN. Случаите со Мајкл Браун, Ерик Гарнер и Фреди Греј извадија илјадници луѓе на улица и повторно ја покренаа дебата за расизмот во САД, кој многумина го сметаат за завршен.

zx450y250_2521807

На нова корица на списание Time се објави црно-бела фотографија од немирите во Балтимор, споредувајќи ги со големите протести на движењето за граѓански права од 60-тите. “Америка 1968/2015: Што се промени и што не” е темата на новиот број.

Десетици активисти онлајн исто така се обидуваат да ги разобличат со разновидни средства скриените секојдневни нееднаквости кои сеуште постојат. Во видео, наречен Rаcism is Real, компанијата Brave New Films илустрира неколку навидум ситни статистички откритија на неодамнешни академски студии.

На кратко:

– При идентично професионално искуство и квалификации во автобиографиите, кандидатите со карактеристични за афроамериканските традиција имиња добиваат 50% помалку фидбек од работодавачот;

– Црнците плаќаат во просек 700 долари повеќе при купување на автомобили на старо;

– Агентите за недвижности им покажале 177% помалку куќи отколку на бели клиенти;

– Црнците возачи се запирани од сообраќајната полиција речиси два пати повеќе;

– Афроамериканците се уапсени за поседување на марихуана 4 пати повеќе од белите, иако и двете групи консумираат дрога подеднакво често; како целина црнците паѓаат во затвор 6 пати почесто;

– Пратеници и од двете американски партии одговараат на прашања од избирачите со “црнечки” имиња поретко.