Шест дадилки ќе ги чуваат новородените близнаци на Бијонсе

од Vladimir Zorba

Новородените близнаци Руми и Сер Картер на ѕвездата Бијонсе се згрижени од цели 6 дадилки кои се менуваат на 8-часовни смени. Списанието “OK!” дури ја откри цената на половина дузина дадилка вработени да ѝ помагаат на мама Бијонсе во одгледувањето на бебињата.

Според податоците на медиумот годишната плата на секоја една од нив изнесува 100 000 долари, што прави вкупно 600 000 долари годишни трошоци за една дадилка.

“Близнаците не заспиваат во исто време, па затоа таа (Бијонсе) одлучи дека за секое од близнаците треба да бидат ангажирани по три дадилки кои ќе се менуваат на секои 8 часа”, соопшти близок на парот, пред таблоидно издание.

И ако за некои тоа е малку, да додадеме дека 5-годишната ќеркичка на поп-дивата и нејзиниот сопруг Џеј Зи, Блу Ајви добива грижа од уште 2 жени дадилки.

Слични содржини