Шест директори на БМВ одат во затвор

од Vladimir Zorba
139 прегледи

Шест раководители на претставништвото на БМВ во Јужна Кореја беа прогласени за виновни за фалсификување на резултатите од нивоата на емисија на гасови на моторите на брендот на локалниот пазар. Тие ќе бидат зад решетки помеѓу 8 и 10 месеци, објавија медиумите во земјата.

Баварскиот автопроизводител има сериозни проблеми во Јужна Кореја по тужбата поднесена во декември поради автомобилите со дизел мотори, кои што се самозапалуваат. Поради ова, БМВ беше принуден да организира нова сервисна акција и ќе мора да плати огромна казна.

Во исто време, постои уште еден случај во Сеул – фалсификување извештаи од тестовите на нивоата на емисии на моторот. Судот призна дека шестмина поранешни и актуелни лидери на БМВ Кореја се виновни за продажба на 29.000 автомобили со лажни еколошки сертификати од 2011 година. Тројца од обвинетите беа однесени директно од судницата во затвор, каде што ќе поминат помеѓу 8 и 10 месеци. Другите ги чека исто, а нивните казни ќе стапат на сила од почетокот на следниот месец. Покрај тоа, БМВ Кореја како правен субјект ќе плати казна од 14,5 милијарди долари (13 милиони долари).

Скандалите околу БМВ во Јужна Кореја, исто така, доведоа до сериозен пад во продажбата на автомобили на брендот во земјата. За првите 10 месеци од 2018 година, тие се 47.569 единици, што е за 10% помалку од истиот период во 2017 година. Во исто време, сегментот на увезени странски автомобили се зголеми за 13%.

Слични содржини