Шест лица сакале да излезат од земјава со лажни ПЦР тестови

од Nikola Popovski
312 прегледи

МВР информира дека 6 лица биле фатени на граничниот премин Табановце со лажни негативни ПЦР-тестови.

Според полицијата, лицата М.Х.(46), Џ.И.(59), А.Д.(28), М.Д.(56), А.В.(29), О.Ј.(37) во периодот од 8.10.2021 до 24.12.2021 на Табановце приложиле фалсификувани негативни ПЦР-тестови.

Против сите нив е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела фалсификување исправа и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Слични содржини