290
Шест лица загинаа денеска при уривање на туристички авион во планинска област во југоисточна Алјаска, соопштија официјални лица, додавајќи дека нема преживеани.
Авионот превезувал пет туристи, пренесува Ројтерс.
Припадниците на американската крајбрежна стража со помош на шумарската агенција ги пронајдоа остатоците од авионот и жртвите.
Кечикан е популарно место за одмор за бродови кои ја посетуваат Алјаска, а патниците често изнајмуваат мали авиони од кои можат да ги видат долините на глечерите, врвовите и езерата покриени со снег во дивината.