Шест млади од Португалија поднеле тужби против 32 земји поради климатските промени до Европскиот суд за човекови права, објавија локалните медиуми.
„Почувствував страв. Пожарите навистина ме загрижија и ме натераа да се прашувам каква иднина ќе имам“, вели Клаудија Дуарте Агостињо додека се сеќава на екстремниот топлотен бран и пожарите што ја зафатија Португалија во 2017 година и однесоа повеќе од 100 животи, пренесува Би-би-си.
Клаудија (24), нејзиниот брат Мартим (20) и сестрата Маријана (11) се меѓу шесте млади Португалци кои поднесоа тужба против 32 влади, вклучувајќи ги сите земји-членки на ЕУ, Велика Британија, Норвешка, Русија, Швајцарија и Турција.