192
Шест полицајци беа убиени, а четворица се ранети во пограничната држава Њу Леон на северот на Мексико, откако беа нападнати од нарко банда, опремена со 10 оклопни автомобили и тешко вооружување.
Државната полиција соопшти дека патролата била бројно надјачана во нападот пред зори, на автопатот што води кон граничниот премин со САД, пренесува агенцијата АП.
Засега нема информации за идентитетот на напаѓачите, но во блискиот град Нови Ларедо долго време доминира насилен североисточен картел.