Шест „скриени“ причини за лош здив

од Stefanija Kuzmanovska
539 прегледи

Иако лошата орална хигиена и проблемите со желудникот се најчестите причини за лош здив, тој може да се појави и како последица на премногу протеини во исхраната, лекови и респираторни инфекции.

Лошиот здив понекогаш е минлива појава поради пиење премногу малку вода, расипан заб или резултат на нешто што сме јаделе. Сепак, во просек, секоја петта личност се жали на постојан непријатен здив за кој не може да се открие причината. Ако ги елиминиравте очигледните, проверете дали виновникот е некој од овие „скриени“ причини.

Лекови

Повеќето лекови имаат диуретични својства, затоа сува уста е чест несакан ефект. Во отсуство на плунка, има зголемено размножување на бактерии и појава на непријатен мирис.

Инфекции на респираторниот тракт

Бронхитис и слични воспаленија на респираторните органи се чести причини за лош здив, пред се поради слузта од белите дробови и синусите што се создава за време на болеста. Лошиот здив попрво ќе биде предизвикан од бактериски отколку вирусни инфекции, а тие се лекуваат со антибиотици.

Воспаление на синуси

Луѓето со назални полипи или хронично воспаление на синуси често почнуваат да дишат преку устата бидејќи така им е полесно. Но, така устата се суши и се појавува непријатен мирис бидејќи нема доволно плунка за да се неутрализираат мирисите.

Прекумерна тежина

Неодамнешна американска студија покажа дека луѓето со зголемен индекс на телесна маса имаат поголем ризик од развој на лош здив. Ова се случува затоа што во нивниот дигестивен систем живеат специфични микроби, кои произведуваат гасови и го интензивираат лошиот здив.

Премногу протеини во исхраната

Исхраната базирана на висок внес на протеини и низок внес на јаглехидрати, како што е познатата диета Аткинсон, е честа причина за лош здив. Доведува до кетоза, состојба во која телото ги претвора мастите и протеините во енергија и предизвикува вишок киселини во организмот. Тогаш настанува непријатен мирис, а единственото решение е поголем внес на јаглехидрати.

Симптом на болест

Притаен здив кој има мирис на риба може да биде симптом на проблеми со бубрезите, додека сладок здив може да укаже на веќе постоечки дијабетес. Покрај тоа, некои видови на рак можат да создадат „препознатлив“ мирис низ целото тело, вклучително и лош здив, тврдат експертите од клиниката „Мејо“.

Слични содржини