Дејвид Бењов и Ди Би Вајс – креатори на серијата “Игра на престоли” ветија дека нема да има такво сексуално насилство во шестата сезона од производството.9c93c9d56167a3b07321d15597388560

Тоа тие го соопштија за време на презентацијата на Fox Studios во Сиднеј, јави ABC News.

Креаторите истакнаа дека најверојатно ќе има помалку суровост или барем таа ќе е доста омекната, но насилството нема да исчезне сепак, бидејќи серијата се занимава со суровиот свет во кој постојано се случуваат ужасни настани.

Сепак промена ќе има и таа е поради жалба на фан на серијата, внесена во раководството на HBO во 2014 година

“Тоа беа тешки слики. Ние знаевме дека може да изгубиме дел од публиката “, коментира и режисерот Џереми Подесва кој ги создаде токму овие епизоди. Шестата сезона “Игра на престоли” ќе започне да се емитува на HBO во април 2016 година.

Слични содржини