Шести Самит за намалување на штетите од тутун во Атина – Усогласување за борба против дезинформациите за Harm reduction

од Vladimir Zorba

Отпорот кон намалувањето на штети се зголемува како што расте пенетрацијата на алтернативите на цигарите е една од пораките на 6. издание на Самитот за намалување на штети од тутун во Атина, во организација на Интернационалната асоцијација за контрола на пушењето SCOHRE. На Самитот се водеа дискусии помеѓу еминентни експерти за намалувањето на штети, лекари и научници, вкупно 250 од сите континенти, а беа најавени и нови основни и клинички истражувачки докази.

Професорот Игнатиос Икономидис, претседател на SCOHRE, на отворањето на сесијата изјави дека на претходните самити било утврдено дека иако распространетоста на пушењето постојано се намалува низ целиот свет, вкупниот број на пушачи се зголемува, бидејќи популацијата расте. Алтернативите на цигарите покажуваат помала емисија на токсични материи во споредба со конвенционалните цигари и се зголемува интересот за намалување на штети од тутунот, како алатка за намалување на штетните последици од пушењето цигари. Сепак, потребни се повеќе податоци за креаторите на политики и регулаторите за јавно здравје, со цел да донесат информирани одлуки. Следствено, целта на 6. Самит е да им понуди можности на научниците од различни земји да ги презентираат, дискутираат и оспоратнеодамнешните податоци, но и да обезбедат опкружување каде што регулаторните власти и креаторите на политики можат да комуницираат со научните и медицинските заедници на потенцијалниот тек на акцијата „За свет без чад“.

Сепак, често се пријавуваат политики кои се непријателски настроени кон Концептот за намалување на штети од употреба на тутун и не се засновани на докази. Иако намалувањето на штети е во корист на потрошувачите и тоа е еден од договорите во членот 1 на Рамковната конвенција на СЗО за контрола на тутунот, што ја потпишаа 168 страни, тој сепак не се почитува. Политиките треба и да почитуваат дека потрошувачите имаат право на информирани одлуки и личен избор. Со оглед на тоа што мешаните пораки влијаат на довербата на потрошувачите во владите и институциите, SCOHRE го предводи сојузот на организации за Harm reduction, да ги усогласат комуникациските пораки во борбата против лажните пораки во врска со ризикот од новите производи во однос на пушењето.

Според професор Дејвид Свинор од Универзитетот во Отава, мора да се поттикнат владите, здравствените агенции и тутунската индустрија да соберат достапни податоци за намалувањето на штети и на доверлив начин да ги убедат луѓето за предностите на овој пристап. 
 
„Луѓето секојдневно купуваат цигари, секој ден имаме прилика да интервенираме нудејќи производ кој е значително помалку опасен, не им штети на луѓето околу вас и помалку предизвикува зависност, а можеме да се погрижиме да биде пошироко достапен од цигарите, по пониска цена и со попрецизни информации за релативниот ризик“, истакна професор Свинор.

Д-р Фернандо Буено, онколошки хирург од Мадрид, истакна дека науката е камен-темелник во борбата против тутунот. „Дебатата за контрола на тутунот мора да се заснова на научни аргументи и клинички податоци, оддалечувајќи се од обичните мислења и емоционални одговори. Ова е единствениот начин да се постигне напредок во борбата против тутунот“, рече д-р Буено, додавајќи дека приоритетите во борбата против тутунот треба да се фокусираат на запаливите производи. 

Слични содржини