Шевченко: Нуклеарната доктрина на Русија е одбранбена

од Stefanija Kuzmanovska

Руската нуклеарна доктрина е чисто одбранбена и не може поинаку да се толкува, изјави Александар Шевченко, член на руската делегација во Генералното собрание на ОН, коментирајќи ги наводите дека Москва се заканува со употреба на нуклеарно оружје.

„Како одговор на денешното апсолутно неосновано обвинување дека Русија наводно се заканува со употреба на нуклеарно оружје за време на специјална воена операција во Украина, сакаме уште еднаш да нагласиме дека руската доктрина во оваа сфера е чисто одбранбена и не подлежи на некое пошироко толкување“, порача тој на седницата на Генералното собрание на ОН посветено на извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) за 2022 година, пренесува ТАСС.

Шевченко посочи дека Русија е цврсто посветена на принципот дека не може да има победници во нуклеарната војна и затоа таа никогаш не треба да биде започната.

Слични содржини