Шик во розово: Јелена Ѓоковиќ го бодреше сопругот во „среќната“ боја (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
299 прегледи

Убавата Јелена Ѓоковиќ е најверниот поддржувач на својот сопруг, тенисерот Новак Ѓоковиќ, па срдечно го бодреше овој пат на финалето на Ролан Гарос во Париз.

И додека нејзиниот Новак (36) го победи 24-годишниот Норвежанец Каспер Руд во мечот со 3:0 (7:6, 6:3, 7:5) и освои уште една, рекордна Гренд слем титула, многу погледи ја следеа Јелена.

Како и секогаш, убавата белграѓанка, која уште од средношколските денови е во врска со најуспешниот тенисер на денешницата, беше педантно облечена.

Таа за оваа прилика се одлучи за тренди розовата, која е фантастична модна опција и за бринетите и за русокосите, а оваа година е особено ин поради т.н. Barbiecore, која освои многу познати убавици како Хајди Клум, Џесика Алба, Ен Хатавеј…

Интересно е што розовата боја беше моден избор на Јелена и минатата година во финалето на Вимблдон, кога блесна во неодолив светло розев мини фустан од дизајнерката Сесилија Бансен.

Оваа година, сепак, таа комбинираше кардиган во нежно розова боја со елегантни бели панталони, а овој спортско-елегантен стајлинг го заокружи со тренди очила за сонце, ефективна капа и малку накит.

Покрај нејзините и децата на Новак и членовите на семејството Ѓоковиќ, Јелена ја придружуваше и легендарниот Том Брејди, голема ѕвезда на американскиот фудбал кој со години е добар пријател со Новак.

Инаку, благодарение на третата титула во Париз, Ѓоковиќ стана рекордер по бројот на Гренд слем титули во историјата со дури 23 титули.

Слични содржини