Шилегов: Ако си додаваат политички поени, ВМРО ДПМНЕ може да каже дека не Град Скопје не го расчисти снегот

191 прегледи

Во своето гостување во дневникот на Сител, градночалникот на Скопје, Петре Шилегов, ги расчисти дилемите околу промената на имињата на улиците во Скопје, како и проектите кои претстојат и се веќе отпочнати во главниот град.

„Промената на имињата на улиците е да се променат некои небулози. Она што ние го работиме сега е зголемување на регистарот на улици во Градот Скопје, така од 570 некаде околу 1000 би биле сега на број. Традицијата и конекцијата на граѓаните се важни и ние мораме да го прилагодиме ова. Градот Скопје се бави со многу работи. Многу булевари завршивме, мостот на АСНОМ ќе биде готов до крајот на јуни. Градот добива многу новини на инфраструктурна и урбанистичка рамка. Јас мислам дека ќе мрднат малку работите, да влеземе похрабро во расчистување на проблемите. Дејствијата кои ги преземам не се врзани, и јас не ги применувам во предизборие. Во изминативе 15 години ги изместивме критериумите во политиката. Многу е важно дали градот се развива. Главните градски улици се во надлежност на Град Скопје, и во рамки на нашата ингеренција по паднатиот снег се беше во најдобар ред. Ако сакаме да направиме плус политички поени, можеме да кажеме дека Градот Скопје не беше расчистен од снегот. Што се однесува до брзиот автобуски транспорт, ако Собранието го изгласа овој закон, ние ќи пуштиме тендерските огласи. И ако се биде во ред до крајот на 2022. година, ќе биде реализирана првата линија. Во однос на втор мандат, СДСМ ќе ги конкретизира кандидатурите. Јас мојата ќе ја понудам, а ако бидам кандидат, за Скопјани верувам дека ја имаат довербата во мене“, истакна Шилегов.

Слични содржини