Шилегов: Годинава ќе почне гасификацијата на деловите каде нема централно греење

од desk2
68 прегледи

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска изјави дека очекува годинава да почне гасификацијата на градот во деловите кои не се опфатени со централното греење и да се зголеми енергетската ефикасност на објектите кои се под градот Скопје.

Шилегов најави дека во врска со тоа в четврток ќе има состанок со градоначалниците на скопските општини и со Секторот за енергетика.

– Едноставно тоа е борба во која веќе востановената и утврдената стратегија од моја страна како градоначалник во соработка со другите институции започнуваме да ја имплементираме и очекуваме на среден рок дека Скопје веќе нема да биде загаден град – рече Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање по предавањето на донацијата од медицински апарати за Детската болница Козле.

Тој посочи дека отвориле фронт на повеќе среднорочни мерки меѓу кои е и режимот на функционирање на возилата, очекуваат да имаат целосна поддршка од Министерството за внатрешни работи и дефинитивно промена на концептот на загревање на домовите во градот Скопје како еден од главните причинители на аерозагадувањето.