Шилегов: Луѓето мора да ги почувствуваат промените

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Носителот на шестата изборната единица од коалицијата што ја предводи СДСМ Петре Шилегов од Тетово порача дека ќе се залагаат да се стави крај на поделбите и живот за сите во Македонија.
20160928205011

– Луѓето мора да ги почувствуваат промените и мора да го подобрат квалитетот на сопственото живеење. За граѓаните се работи, за нивната иднина, за нашите деца. Во програмата што ќе им ја понудиме на нашите граѓани на претстојните избори им го нудиме она што досега најмногу ја боли нашата држава, а тоа е да ставиме крај на поделбите, рече Шилегов.

ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, како што рече, во изминатите 11 години не прават ништо, освен што не делат.

– Македонија заслужува да биде современа, европска држава, еднаква за сите граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или партиска припадност. Кога зборуваме за престанок на делбите меѓу граѓаните зборуваме токму за тоа, престанок на делби од секаков вид и повеќе во оваа држава да не биде важно кој од која националност е, кој на која вероисповед или политичка партија припаѓа. Секој да го добива она што му следува, согласно законот и секој да биде одговорен согласно законот, рече Шилегов

Тој најави дека на граѓаните им нудат програма за подобар живот, програма во која, како што рече, многу брзо ќе се почувствуваат промените во економската сфера и во животот на секој од нив.