260
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов попладнево се огласи на својот фејсбук профил на кој посочи дека конечно делницата кај кејот на Вардар каде се градеше „Панорамското тркало“ е ослободена за граѓаните и можат да ја користат.
Потегот на кејот на Вардар што скоро 8 години не беше прооден за пешаци и за велосипедисти поради градежните работи и натрупаниот градежен материјал поради изградбата на „Панорамското тркало“, е пробиен и реконструиран.
Оваа делница од кејот е конечно ослободена и граѓаните може непречено да ја користат обновената пешачко велосипедска патека на овој потег на кејот на Вардар.