Шилегов: Со БРТ системот, Скопје станува позелено, подинамично, попаметно (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
199 прегледи

„За да постигнете големи нешта, не треба само да дејствувате туку и да бидете истрајни. Не само да планирате туку и да верувате. Јас верувам дека Скопје секогаш може и треба да се движи напред, и горд сум што конечно остваривме еден сон стар 40 години. Со БРТ системот, Скопје станува позелено, подинамично, попаметно“, сподели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Брзиот Автобуски Превоз во главниот град, според претходните најави на скопскиот градоначалник, „ќе не направи горди на градот Скопје и нашата земја“.

Пред неколку дена потпишан договорот со ЕБОР за старт на проектот кој предвидува две линии со коридори. Како што најави Шилегов досега се работело со екипи на Град Скопје и на ЈСП за подготовка на техничката документација за овој систем.

Скопскиот градоначалник најави дека во текот на летото ќе започне и тендерската постапка.