Шилегов со последен поздрав до Малиќи: Почивај во мир Енвер, пријателе мој!

451 прегледи

Утринава како последица од Коронавирусот почина заменик градоначалникот на град Скопје, Енвер Малиќи, а на социјалните мрежи веќе кружат пораки за последно збогум.

Имено, по оваа загуба се огласи и првиот човек на градот, Петре Шилегов кој на својот профил на фејсбук пласираше емотивен статус:

„Некогаш зборовите не можат да ги искажат чувствата кои што ги имаме кон блиските во нашите животи. Секогаш ведар, секогаш насмеан, секогаш со млад дух.

Денес загубив добар пријател !

Почивај во мир Енвер, пријателе мој!“, напиша Шилегов.

Слични содржини