Шилегов: Во Јавниот превоз имаме 67% помалку патници и не придонесува лошо за пандемијата

Во однос на протокот на информации, кои говорат дека има се уште метеж во јавниот превоз и покрај препораките за заштита во време на пандемија од Ковид 19, градоначалникот на градот Скопје, Петре Шилегов вели:

„Ако мислите на онаа фотографија од вчера тоа е дефинитивно лажна вест. Живееме во многу лошо време гледано од здравствен аспект, и ова влијае на нашето ментално здравје. Така што треба заедно со медиумите да имаме општествена одговорност и да ги известуваме граѓаните во таа смисла“.

Инаку, како што вели градот Скопје е во постојана корелација со јавното превозно претпријатие, па оттаму вели дека анализите го покажуваат следното:

„На неколку часа добиваме информации за фрекфенцијата на луѓе во јавниот превоз, па така онаму каде што има потреба во тие населени места, го враќаме стариот распоред односно се пуштаат повеќе линии. Така нашите анализи покажуваат дека во просек имаме околу 67% помал број на патници. Не велам дека не се случува, да имаме автобус со поголем број патници, но тоа е исклучок. Генерално јавниот превоз не можеме да кажеме дека елошо придонесува за пандемијата“, заклучи Шилегов.

Слични содржини