Шинејд О’Конор почина на 56-годишна возраст, објави Дејли Мејл. Музичарката, која го промени своето име во Шухада Садакат во 2018 година кога го прифати исламот, тогаш изјави дека исламот е „светлината на нејзиниот живот“.
Таа беше и политички активист, а нејзините ставови за религијата, правата на жените, војната и злоупотребата на деца често предизвикуваа контроверзии во Ирска и ширум светот. Познати се и нејзините јавни настапи против Ватикан, како оној во 1992 година кога ја искина фотографијата на Јован Павле Втори во емисијата „Saturday Night Live“. и кога во 2009 година го нападна Бенедикт XVI за прикривање случаи на сексуална злоупотреба на деца од католички свештеници. Во текот на кариерата соработувала со многу музичари и учествувала на бројни хуманитарни концерти.
Родена е во проблематично семејство во Даблин на 8 декември 1966 година. Таа е едно од петте деца на Џек и Мари О’Конор кои се венчаа многу рано. Тие имале проблематична врска, што резултирало со разделба кога Шинејд имаше само 8 години.
О’Конор тврдеше дека останала со нејзината мајка и била подложена на физичко малтретирање и почнала да страда од проблеми со менталното здравје. Во 1979 година ја напуштила мајка си и почнала да живее со својот татко и неговата нова сопруга. Од 15-годишна возраст, таа се школувала во Центарот за обука Грианан, кој го воделе Сестрите на милосрдието. Таму се зближила со сестрата на Пол Бирн, тапанарот во бендот In Tua Nua.
Таа ја слушнала О’Конор како ја пее песната „Evergreen“ од Барбра Стрејсенд и веднаш го препознала нејзиниот талент. О’Конор ја сними песната ‘Take My Hand’ со групата, но членовите на групата мислеа дека таа е сè уште премногу млада за да им се придружи (тогаш имаше само 15 години). Во 1983 година, нејзиниот татко ја испратил да студира во Ватерфорд (Њутаун училиште), каде што го развила својот талент со помош на наставникот по ирски јазик, Џозеф Фалви. Снимила четири демо песни, од кои две ги напишала самата, кои подоцна се појавиле на нејзиниот прв албум.
Фановите беа известени пред две години дека таа ги откажува сите концерти до 2022 година.
„Имав шест многу трауматични години и сето тоа кулминираше оваа година, но сега започнува опоравувањето. Решив да одам во клиника за траума и закрепнување од зависност, каде ќе останам една година“, напиша тогаш таа на социјалните мрежи.
Таа откри и дека е зависна од марихуана веќе 34 години и дека поради ситуацијата со коронавирусот и загубата на саканата личност, експериментирала и со потешки дроги.
Деталите за смртта на пејачката се уште не се познати, а не е позната ниту причината за смртта. Веста ги шокираше сите и тоа само една година откако нејзиниот мал син Шон си го одзеде животот. Музичарката пред 10 дена на својот Твитер профил сподели фотографија со својот покоен син со потресни зборови.
„Оттогаш живеам како мртов човек. Тој беше љубовта на мојот живот, светлината на мојата душа. Бевме две половини од една душа. Тој беше единствената личност која безусловно ме сакаше. Изгубена сум без него“, напишала таа тогаш.